Отпишувањето камати за долгови пред пратениците

Објавено: 12 Октомври 2018 - 08:34

Во Собранието на РМ денеска ќе заседава Комисијата за финансирање и буџет.

Комисијата ќе расправа по Предлог - законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.

Предлогот е поднесен од група пратеници и е единствена точка на дневниот ред на денешната седница на Комисијата. 

Сподели ја веста

Последни содржини