Плата над 90.000 денари: Која струка во Македонија за еден месец доби покачување од 5.000 денари?

Објавено: 21 февруари 2020 - 09:14

Комјутерџиите се убедливо со највисока плата во земјава. 

Само за еден месец, платата на програмерите им пораснала за 4.469 илјади денари. Односно, во декември годинава тие земале плата од 96.332 денари, што е многу повеќе од 91.863 денари, колку што во ноември годинава земале во дејноста комјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. 

Плати од 70.162 денари земаат и во воздухопловниот транспорт, односно контролорите на летање, а плата од 69.911 денари земаат во просек вработените во дејноста производство на основни фармацевстки производи. 

Сподели ја веста

Последни содржини