Поради неевидентиран стаж, пензионери ќе зимаат помала пензија

Објавено: 20 јануари 2020 - 08:40

Во државата има се уште граѓани кои навршиле години за пензионирање, но во ПИОМ не им е пресметан целиот работен стаж.

Како најголем проблем се посочува фактот дека фирмите во кои работеле пред 30 или повеќе години овеќе не постојат, па тешко оди докажувањето. Голем број граѓани се соочуваат со овој проблем, а државните ревизори во последниот извештај посочија дека дури 4.210 лица, сега ќе земаат помала пензија поради тоа што нивниот работен стаж не бил евидентиран. 

Според податоците, од 1977 до 2005 година внесот на податоците за осигурениците се вршел рачно. До 1992 година за архивирање на документацијата се користела микрофилмска технологија, а податоците се читале преку читач на микрофилмски ролни. Од 1996 до 2005 година архивирањето се врши преку скенирање на М пријавите. Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави за периодот од 1992 до 1996 година.

По некои анализи, Фондот изготвил информација во која стои дека од вкупно 2.594 микрофилмски ролни досега се дигитализирани 32 отсто и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7 милиони и сто илјади документи.

Од Фондот изјавуваат и дека во текот на минатата година не користеле фирма за дигитализација на микрофилмски ролни туку е користен микрофилмски скенер набавен во 2017 година. Ревизорите му препорачуваат на ПИОМ да ја преиспита реалната потреба и начинот на дигитализирање на микрофилмски ролни и обезбедување складирање на документите на електронски медиум.

Сподели ја веста

Последни содржини