Познато е кога УЈП ќе ја започне исплатата за „Мој ДДВ“- За проектот заинтересирана и Албанија

Објавено: 17 јануари 2020 - 08:46

Во текот на месец февруари, на трансакциските сметки на граѓаните кои ревносно скенирале сметки во последното тромесечје од 2019 ќе легнат парите од повратот за ДДВ.

За успешноста на овој проект потврдува и фактот дека соседна Албанија е заинтересирана да ја примени мерката „Мој ДДВ“, која кај нас се реализира веќе неколку месеци, а од чие скенирање на фискални сметки на трансакциите на граѓаните во декември легнаа и првите парични средства за првото тримесечие.

Албанија оваа мерка сака да ја прмени со цел да ја намали сивата економија, која изнесува 30 отсто.

Инаку, во тек е и големата наградна игра од проектот Мој ДДВ која е во организација на Македонската лотарија, а секојдневно се извлекуваат добитници.

Сподели ја веста

Последни содржини