Репрограмирање на долговите на граѓaните: Кој ќе се спаси од присилна наплата?

Објавено: 09 јануари 2020 - 08:48

На крајот на минатата година Владата донесе мерка за помош на граѓаните кои мака мачат со извршителите, со цел да им се отпишат каматите и да им се даде можност долговите да ги плаќаат на рати. 

Предлог законот е доставен до Собранието и треба да биде изгласан по кратка постапка на 14 јануари. Предлагачот на законот, Министерството за правда, вели дека со него треба да се реши проблемот со старите судски извршни предмети, кои се пренесени кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со крајот на 2017 година.

Проблемот со оваа мерка е што со него се предвидува дека само државните доверители ќе мора задолжително да ги отпишуваат каматите на граѓаните, додека кај доверителите во приватна сопственост, тоа ќе биде на доброволна основа. Во кратки црти, тоа значи дека приватните компании сами ќе одлучуваат за репрограмирање на долговите од граѓаните.

Оние, што ќе имаат среќа да се спасат од каматите и да им се репрограмираат долговите во постапките пред судовите, нотарите и извршителите, бројот на месечните рати во кој ќе ги плаќаат долговите ќе им зависи од висината на долгот и другите трошоци.

Еве како се предвидени ратите во зависност од висината на долгот. 

ВИСИНА НА ДОЛГ И ТРОШОЦИ                      РОК НА ОТПЛАТА

До 10.000,00 денари                                           6 месеци

Од 10.0001,00 до 60.000,00 денари                   12 месеци

Од 60.0001,00 до 120.000,00 денари                 24 месеци

Од 120.0001,00 до 240.000,00 денари               36 месеци

Над 240.000,00 денари                                        48  месеци

Откако овој закон ќе стапи на сила, извршителите треба да прекинат со присилното извршување кое го барале доверителите, а кои се во државна или јавна сопственост.

Сподели ја веста

Последни содржини