РКЕ донесе одлука за новата цена на горивата

Објавено: 20 јануари 2020 - 13:08

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Сподели ја веста

Последни содржини