Сиромашен исток и богат запад: Македонскиот VS европскиот минималец

Објавено: 07 февруари 2020 - 11:23

Во споредба со државите од регионот и пошироко, Македонија има ниска минимална плата, односно најблиска бројка е со минималецот во Бугарија, кои се на дното во Европа според висината на минималната плата. 

Граѓаните во Македонија земаат речиси девет пати помала минимална плата од работниците во Луксембург и за 6,5 пати помал минималец од Германците.

Македонија има минималец од 241,6 евра, а во јануари 2020 година, Бугарија имаше најниска минимална плата во ЕУ oд 312 евра.

Девет држави членки, претежно лоцирани на истокот на ЕУ имаат ниски минимални плати. Во Латвија минималецот е 430  евра, во Романија 466, во Унгарија 487, во Хрватска 546  евра, во Чешка 575  евра, во Словачка 580  евра, во Естонија 584  евра, во Литванија 607  евра  и во Полска 611  евра, покажува Евростат.

Португалија има минималец од 741 евра, Грција од 758  евра,  Малта 777  евра, Словенија  од 941 евра  и Шпанија 1.050 евра.

Французите имаат минималец од 1.539  евра,  Германците земаат минималец од 1.584  евра, Белгијците земаат минимална плата од 1.594 евра.  Холандските работници имаат минималец од 1.636 евра, Ирците 1.656  и Луксембург  од 2.142  евра.

Она што Евростат го забележува е дека во Унијата има голем јаз помеѓу сиромашниот исток и богатиот запад.

Минималната плата во земјава од декември лани се покачи на 14.500 денари.

Сподели ја веста

Последни содржини