Статистика: Пораст на основните намирници неопходни за живот

Објавено: 17 февруари 2020 - 10:52

Трошоците за живот на македонските граѓани гледани по статистичкиот индекс во 2019 година во однос на 2018 година пораснале за само 0,8 проценти, но гледано по ставки, статистиката покажува дека индексот за една година најмногу пораснал токму кај основните намирници неопходни за живот.

Лебот и житата поскапи за 3,3 проценти, зеленчукот за 6,8 проценти, месото за 1,8 проценти, рибите и морските плодови за 2,1 процент. 

Најмногу за 5,4 проценти пораснале вонболничките здравствемни услуги, за 6,7 проценти медицинските и парамедицинските услуги и за неверојатни 8,5 проценти  биле повисоки цените на болничките услуги.

Потоа сумите за купување на моторни возила пораснале за 5,6 проценти, услугите за култура за 4,2 проценти, а туристичките пакет аранжмани за неверојатни 12,1 процент.

Трошоците на живот и цените на мало во јануари годинава пак се зголемени за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2019 година бележат пораст од 0,6 проценти.

Пораст на трошоците на животот има и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34,3 проценти, електричните апарати за лична хигиена за 4,3, велосипедите за 3,0, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,9, гасот за домаќинствата за 1,5, телефонот и телефакс-опремата за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, другите печатени материјали за 0,8, моторните возила за 0,7, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,4, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0,3, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0,2 процента.

 

Сподели ја веста

Последни содржини