Сугарески ќе изврши увид во реконструкцијата на патот Кочани – Пониква

Објавено: 12 Октомври 2018 - 08:46

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на регионалнот пат Кочани – Пониква.

Како што велат од Министерството за транспорт, се работи за рехабилитација на државниот пат во должина од 10 километри и ширина шест метри.

Реконструкцијата почна во септември годинава, а треба да заврши за 12 месеци. Вредноста на инвестицијата е 102 милиона денари.
 

Сподели ја веста

Последни содржини