Три фудбалски клубови на листата должници на УЈП

Објавено: 13 јануари 2020 - 12:27

Безмалку 2000 правни лици и 2515 физички лица должници се најдоа на црната листа на УЈП.

Вкупната сума која ја должат граѓани, но и фирми за неплатен данок е скоро 163 милиони евра. Прв на листата е Те-То, а на второ е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

На листата должници се најдоа и фудбалски клубови и тоа ФК Вардар со долг од 22,7 милиони денари. Следат ФК Металург со 3,3 милиони денари и ФК Беласица која должи 405.734 денари.

Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство и кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији, се исто така на листата неплаќачи на данок на државата.

 

Сподели ја веста

Последни содржини