Три методи за полесно да ги отплатите долговите

Објавено: 11 февруари 2020 - 09:32

Во денешно време ретко се наоѓа човек кој не е заглавен во кредити и кој не бара начин како да ги намали трошоците.

Во потрагата за дополнителни финансии, неопходно е да направите селекција помеѓу она кое што претставува приоритет, односно она кое има некаква намена. Паралелно со тоа неопходно е да пронајдете начин како да ги намалите трошоците, за полесно да ги отплатите долговите.

Ќе ви понудиме неколку методи, а вие самите откријте колку нивната примена ќе влијае на намалување на стресот и притисокот за отплаќање на долговите. 

1. Метод на снежна топка

Овој метод препорачува да направите листа на сите ваши долгови и најпрво да го исплатите најнискиот биланс. Откако ќе се исплати најниската сума, преминете на вториот најмал долг. Продолжете на овој начин се додека не се ослободите од сите ваши долгови, се додека не ја испразните листата.

2. Метод на бура

Логиката е обратна од таа на методот на снежна топка. Исто како и во претходниот метод, мора да направите листа на сите долгови. Разликата е што тука започнувате со отплата на најголемиот долг. Кога ќе ја исплатите највисоката сума, преминете на вториот најголем долг и така се до крајот на листата.

3. Метод на итни случаи

Правите листа од сите долгови и гледате кои од нив имаат најкраток рок. Прво ги плаќате оние со најкраток рок на отплата, па оние со подолг и така се до крајот на листата на долгови.

 

Сподели ја веста

Последни содржини