Бренд на неделата: ПЗУ "Симбел Дент" Тетово

Објавено: 11 април 2017 - 13:47

Бренд кој е препознатлив насекаде и во текот на целокупното постоење и работење на ординацијата.  Синоним за квалитет отсликан преку безброј задоволни насмевки на пациентите. ПЗУ  "Симбел Дент" од Тетово е наш избор за најдобар бренд на неделата.

Со повеќе од петнаесет години успешна работа, оваа ординација заслужено се наоѓа помеѓу најдобрите во својата дејност.

Огромниот број на пациенти од сите возрасти зборува за квалитетот на стручниот тим. Преку постојано надградување во земјата, како и во странство, “Симбел Дент” нуди врвни услуги по светски стандарди. Многуте награди и сертификати се доказ за квалитетот на оваа стоматолошка ординација.

Стоматолошката ординација “Симбел Дент” на Д-р. Маре Серафимовска ги нуди сите стандардни стоматолошки услуги: Пломби во боја, Stress free работа со деца, Коронки и мостови од порцелан изработени по CAD/CAM систем, Поставување на украси од вистински дијаманти, Поставување на забни импланти, Интервенции од оралната хирургија и многу други.

Д-р. Маре е позната и по својата голема хуманост, особено во работата со дечињата со посебни потреби кои во оваа ординација секогаш се лекуваат без никаков надомест.

Новогодишната забава на Симбел Дент е настан на кој најмладите пациенти особено се радуваат : Дружење и подароци со Дедо Мраз, голф натпревар, едукативен стоматолошки квиз и многу песна и насмеани лица.

Семејната традиција продолжува преку младиот Д-р. Илчо Серафимовски, кој внесува свежа енергија и младешки дух во организација. Неговите креативни иновации ја доближуваат ординацијата до младите пациенти, кои со задоволство доаѓаат на преглед и воопшто не се плашат од забар.

Тимот на Бизнис Каталог им посакува уште многу години успешна работа. Портфолиото на Симбел Дент може да го погледнете тука.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини