Бургеристика со Burger House: Зошто Хамбургерите не се прават со шунка?

Објавено: 16 November 2018 - 14:55

Како што веќе знаете, „хамбургер“ е сендвич направен од округло лепче, различни додатоци и „ham„ или во превод шунка(?) Не!!! И врапчињата на гранките знаат дека хамбургерот се прави со плескавица од мелено месо. Па зошто тогаш не го викаме „бургер плескавица“ или „плескавицабургер“ или „какоидае-бургер“?   Хинт – не е затоа што овие горенаведените лошо звучат – иако, искрено звучат лошо.

Името „хамбургер“ доаѓа од Хамбург, вториот најголем град во Германија. Во доцните 1700-ти, морнарите кои патувале помеѓу Хамбург и Њу Јорк, со себе носеле плескавици од солено мелено месо кое го нарекувале „хамбуршки стек“. Со доселувањето во Америка, Германците ги понеле и своите традиции и навики, а со тоа и нивната омилена храна - „хамбуршки стек“.

Претходникот на хамбургерот воопшто не личел на денешниот хамбургер. Па како сме дошле до денешната верзија на најобожуваниот брз оброк? Никој со точност не знае.

Тексашкиот историчар Френк Толберт го смета Флечер Дејвис од Атина, Тексас, за основоположник на модерниот хамбургер. Тој нудел своја верзија на овој светски познат сендвич во своето кафé во 1880тите, а во 1904 година го претставил својот производ на Светскиот саем во Сент Луис.

Конгресната Библиотека, од друга страна, го прогласува Луис Ласен од Њу Хевн, Конектикат за создавач на хамбургерот. Тој забележал дека, многу често, клиентите немаат време да седнат да јадат. За да им излезе во пресрет, во 1895 година започнал да им продава плескавица меѓу 2 парчиња бел леб.

Од друга страна, градот Сејмоур, Висконсин, го смета Чарлс „Хамбургер Чарли“ Нагрин за вистинскиот создавач на хамбургерот. Тој, на саемот во Сејмоур во 1885 година продавал ќофтиња, но со слаб успех. Претпоставувајќи дека посетителите повеќе ќе уживаат во саемот ако можат да јадат додека ги разгледуваат штандовите, од смесата за ќофтиња направил плескавици и направил сендвичи. Веднаш забележал напредок во продажбата.

Всушност, најверојатно повеќе лица го измислиле хамбургерот. Луѓето во Америка при крајот на 19 век се почесто патувале, па сосема природно се појавила потребата од брз оброк кој може лесно да се понесе со себе. Некои веруваат дека лепчето е клучниот елемент во создавањето на хамбургерот. Во претходните примери станува збор за сендвич од плескавица. Хамбургерот каков што е денес, сервиран со округло лепче исечено на половина, е направен од страна на Оскар Билби од Тулса, Оклахома во 1891 година. Лепчето кое денес се користи за правење хамбургери го измислил готвачот Волтер Андерсон во 1916 година.

Без разлика кој и да го измислил, хамбургерот денес е омилен оброк на илјадници луѓе насекаде во светот. Секоја сендвичарница има своја верзија, а дури и некои големи ресторани го нудат во своето мени.

Секој од нас си има своја „матична“ сендвичарница која ја нуди нашата омилена верзија. Нашата е Burger House, бидејќи нудат сочни и богати сендвичи, без кои животот би бил празен.

После толку бистрење мудрости, редно е да се почестиме со по еден хамбургер.

Затоа нарачајте на 044 391 444 | 044 529 444 или пак посетете ги на Ул. Јане Сандански бр. 118 1200 Тетово и ул. Илинденска ББ 1200 Тетово.

Сподели ја веста

Последни содржини