Менаџер на месецот: Спец. Д-р Ванчо Несторовски, основач на ПЗУ Поликлиника “Др. Ванчо – Вратница”

Објавено: 20 август 2018 - 15:46

Вистински синоним за здрави заби, квалитет и успех. Бренд кој постојано низ годините се гради и зајакнува, поставувајќи пример за тоа како треба да функционира една организација. Спец. Д-р Ванчо Несторовски, основачот на ПЗУ Поликлиника “Др. Ванчо – Вратница” е нашиот избор за најдобар менаџер за овој месец.  Погледнете го неговото портфолио, како и портфолиото на оваа здравствена установа.

Спец. Д-р Ванчо Несторовски е роден 1962-ра година во Тетово. Во 1981-ва година завршува средно забо-техничко училиште во Скопје, а во 1988-ма година се здобива со диплома од Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Истата година се вработува во Медицински центар – Тетово како доктор на стоматологија. Специјалистичкиот испит од областа на оралната хирургија го положува во 2004-та година, со што, се здобива со назив специјалист – орален хирург.

Основач е на ПЗУ “Др. Ванчо – Вратница” и ПЗУ “Др. Ванчо” и е нивен втемелувач уште од првите моменти на нивното постоење.

Покажува постојана мотивација за збогатување на својата стручна дејност преку континуирано едуцирање во и надвор од државата и го збогатува своето резиме со бројни сертификати потпишани од светски познати орални хирурзи, насочувајќи се најмногу на полето на оралната имплантологија. Денес, спец. Др. Ванчо Несторовски зад себе има 12 години искуство во оралната имплантологија, над 400 случаи и над 1200 успешно вградени дентални импланти, при тоа користејќи се со ретко позната техника во нашата држава.

Спец. Др. Ванчо Несторовски во своето 30-годишно работно искуство во стоматологијата се има здобиено со голем број на сертификати кои се резултат на константната тенденција за успешна и квалитетна работа. Meѓу позначајните се:

•    Certificate of Theoretical and Practical course - ‘Immediate loading in Implantology’ – Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Novi Sad, Srbija , October 2005

•    Zertifikat – “Dental Implantology – special training with theoretical presentation and case study, hands on course, live opration” – Schutz – Dental GMBH Section IMPLA; September 2005

•    Attestato di frequenza – “Implantologia Endossea / Carico Protesico Immediato” - Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Novi Sad, Srbija , November 2006

•    Certificate of participation in the XXI annual meeting “NYU IN ITALY 2010” – “Stage in Implantology & Oral rehabilitation” - Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Venice, Italy, 2010

•    Certificate of participation in practical classes in safety and operating with high power diode laser – Kumanovo,Macedonia 2013

•    Attestato di frequenza – Corso di “Implantologia a carico immediato / Aumenti di cresta alveolare Orizzontali e Verticali” - Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Albignasego - Padua, Italy, 2010

•    Attestato di partecipazione – “Corso teorico di Implantologia Orale Avanzata” - Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Novi Sad, Srbija, 2008

•    Attestato di partecipazione – “Corso teorico – practico di Chirurgia Piezoelettrica / Risoluzione gravi atrofie orizzontali” - Italian association of New York University, College of Dentistry Postgraduates; Novi Sad, Srbija, 2009

•    Certificate of participation – “Corso di anatomia chirurgica implantare e dissezione” – A.U.A.I Labaratorie d’ Anatomie Prof J.M.Prades – Universite’ Jacques Lisfranc; France, 2009

•    Acceptance by Italian association of New York University as an Active member for the year 2010 in the Scientific Society by virtue of extraordinary interest, advanced training & commitment in following their advanced seminars in the diagnosis and treatment of Dental Care, Implantology and Oral Rehabilitation…. и многу други.

Лично најдрагата добиена диплома на спец. др. Несторовски е на Француската асоцијација за анатомија и имплантологија (А.U.A.I. - Laboratoire d’ Anatomie Prof J.M.Prades – Universite’ Jacques Lisfranc, Faculte’ de Medecine, France) – Diplome d’ Anatomie et d’ Implantologie od 2009-та година, со која се здобива со звање “мајстор” за имплантологија во Лион, Франција.

П.З.У. Поликлиника “Д-р Ванчо – Вратница”

Основата на оваа приватна здравствена установа датира од многу одамна. Зачетоците во делувањето се во далечната 1988-ма год. кога со скромни средства и материјали, но со голем ентузијазам и квалитет во работата, основачот ги започнува првите чекори во стоматолошката дејност.
Со текот на времето бројот на пациенти постојано се зголемува што укажува на тоа дека се работи за една квалитетна стоматолошка ординација која што во транзициониот период одела во чекор со времето.

П.З.У. Поликлиника “Д-р Ванчо – Вратница” со четири организациони единици е основана 2007-ма год. со реорганизација на веќе постоечката П.З.У. “Д-р Ванчо – Вратница” која се состоела само од една стоматолошка ординација. Денеска во состав на поликлиниката влегуваат две стоматолошки ординации, ординација по општа медицина и биохемиска лабораторија.

Во 2010-та година како дополна на постоечките ординации, др. Ванчо ја проширува дејноста во нова специјалистичка ординација по орална хирургија ПЗУ “Др. Ванчо” која се наоѓа во Тетово.
Денеска ПЗУ Поликлиника “Др. Ванчо – Вратница” и ПЗУ “Др. Ванчо” со вкупно пет организациони единици се модерни приватни здравствени установи со напредна технологија, во кои владее љубезност, пријатна атмосфера и тимски дух, а приоритет на секој од вработените е пациентот.

Квалитетот на услугите кои се добиваат и квалитетот на материјалите кои се користат придонесуваат П.З.У. “Д-р Ванчо” да биде во постојан подем, континуирано следејќи ги при тоа, трендовите и модерната технологија од областа на стоматологијата, сé со цел обезбедување на најквалитетен третман, постигнување на здравје, естетика, функција и пред сé задоволство на пациентот.
ПЗУ “Др. Ванчо” не е само ординација, ПЗУ “Др. Ванчо“ е традиција.

П.З.У. Поликлиника “Д-р Ванчо – Вратница” ги нуги следните услуги:

Имплантологија

После децении истражување, обиди и испитувања денес стоматологијата преку имплантите го нуди на своите пациенти она кое природата не го понудила. Трети трајни заби.

ПЗУ ‘Др. Ванчо’ работи на полето на денталната имплантологија веќе 12 години и зад себе има преку 400 случаи и над 1200 успешно поставени импланти.

Денталниот имплант е хируршка компонента која се поврзува со коската на вилицата и служи за прицврстување на протетска изработка (коронка, мост, подвижна – мобилна протеза) или пак, може да служи и како ортодонтско сидро. Основата на забните импланти е биолошки процес наречен осеоинтеграција, во кој, материјали како титаниум формираат интимна врска со коската. Материјалот од кој се изработени имплантите (титаниум) е биокомпатибилен.

Со денталните импланти може да се надомести еден изгубен заб, повеќе заби или сите заби.

Најпрво, имплантот се поставува во коската, а потоа потребна е варијабилна количина на време (4-6 месеци) за осеоинтеграција пред да се прицврсти протетичкиот елемент, за кое време пациентот е снабден со привремена изработка. Постојат и импланти кои може да се постават во устата и имедијатно да се оптоварат со дефинитивна протетска конструкција.

Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, безболни, долготрајни и добра замена за нивните изгубени заби.

Орална Хирургија

Кортикотомија – постапка на хируршко отстранување на коскениот покрив на импактиран заб со цел, негово побрзо и полесно еруптирање и сместување во забниот низ.

Импакција – постапка на хируршка екстракција (вадење) на заб кој е вклештен во внатрешноста на вилицата, а чија позиција укажува дека не постои можност да се смести во забниот низ или пак, во забниот низ нема простор за сместување на дадениот заб (најчесто третите молари).

Апикотомија – хируршка ресекција на коренот на забот со цел, отстранување на хроничен процес кој не покажува знаци за повлекување по соодветно изведен конзервативен третман.

Цистектомија – отстранување на цистични мекоткивни формации во усната празнина

Френулектомија – хируршка корекција на припојот на френулумот на горна и долна усна кај деца од ортодонтски причини или кај возрасни лица од протетски причини. Исто така, можна е корекција и на високо припоен френулум на јазик со што се отежнати нормалните функции (говор, исхрана..).

Гингивектомија / Гингивопластика – хируршка корекција на формата на гингивата. Се употребува за отстранување на вишокот гингива кај силно и долготрајно воспаление на гингивата (дополна на конзервативниот третман) или за корекција на контурите на ткивото околу забите и зголемување на должината на коронките (пр. корекција на gummy smile).

Отстранување на папиломи и фиброми – ексцизија на мекоткивни израстоци во и околу усната празнина брзо и безболно (RF термокаутер).

и многу други постапки.

Протетика

Фиксна протетика, мобилна протетика, порцелански ламинати и Night Guards.

Општа стоматологија

Орална хигиена, реставрации (пломби), композитни фасети, еднодонција, залевање фисури и DIAGNOdent.

Посетете ја веб страната на П.З.У. Поликлиника “Д-р Ванчо – Вратница” и прочитајте повеќе. Му посакуваме уште долги години успешна работа.

Сподели ја веста

Последни содржини