Прославете го Светскиот ден на книгата

Објавено: 23 април 2019 - 09:02

Под покровителство на УНЕСКО, 23 април е назначен за Светски ден на книгата, за првпат прославен во 1995 година.

Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право.

23 април (Денот на розите) е неслучајно одбран како датум уште во далечната 1923 година во Шпанија, кога продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на оваа дата. Идејата поттикнала менување книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за Празникот на розите.

Подоцна, во 1995 година, УНЕСКО се решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум.

Во Шпанија, прославувањето на овој ден подразбира дводневен читачки маратон на популарното дело „Дон Кихот“ на Сервантес.

Во Велика Британија и Ирска пак, прославата на денот на книгата е обично резервирана за првиот четврток од месецот март, со цел да се избегне поклопување со велигденските празници и прославата на Ѓурѓовден.

Светскиот ден на книгата има задача да ги охрабри младите да го пронајдат задоволството во читањето книги.

Сподели ја веста

Последни содржини