Во Скопје ќе започне снимањето на филмот „Те dua, жими мене“

Објавено: 13 август 2019 - 13:32

Во четврток, во Скопје ќе почне снимањето на новиот независен македонски филм  „Те dua, жими мене“. Режисер е Марјан Гавриловски, зад сценариото стои Никола Кузелов, додека директор на фотографија е Александар Карпузовски.

Приказната е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кој трудејќи се да ја врати дома купената жена од Албанија станува дел од мафијашка зделка.

Во филмот ќе играат Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Атанас Атанасовски, Сенко Велинов, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Ангела Стојановска, Никола Кузелов, Талија Настова, Исмаил Касуми, Ангела Димитрова, Валентин Видовиќ, Надица Петрова, Елдин Широки, Флакрон Алиу и други.

Снимањето ќе трае околу 30 дена на локации низ Скопје.

Сподели ја веста

Последни содржини