Актуелно од регионот: Најновите вести од билтенот на МВР

Објавено: 27 декември 2017 - 12:57

Во прилог се најновите случувања од регионот, според официјалниот билтен на СВР Тетово. Прочитајте и бидете во тек.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер ( 26 декември ) помеѓу 23 и 2 часот по полноќ, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Алпа маре“, сопственост на 48-годишниот Ф.Т од Неготино-Полошко, лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Неготинската клучка.
При контролата, во објектот биле затекнати 9 женски лица, од кои 6 албански државјанки и 3 од нашата земја, кои биле ангажирани како пејачки и танчерки. Шестте албански државјанки на возраст од 19 до 39 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта и непријавено работење, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар, по што се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
....
Вчера ( 26 декември ) околу 13 часот, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на Доброште, напознато возило удрило во 70- годишниот пешак Т.М. ( пешак ) од Доброште и набрзина го напуштило местото. Од удирањето, пешакот задобил телесни повреди, укажана му е помош во тетовската клиничка болница и пуштен е на домашно лекување. Извршен е увид и се работи на пронаоѓање на возилото и возачот-учесник во оваа сообраќајна несреќа.

....
На улица „Илинденска“ во Тетово, вчера ( 26 декември ) околу 17 часот и 45 минути, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 62-годишната тетовка И.Ќ. и пешак С.Р.( 41 ), исто така, од Тетово.
Од удирањето, С.Р. задобила телесни повреди, со друго возило пренесена е во тетовската болница, укажана и е лекарска помош и пуштена е дома.
Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е непропуштање пешак на пешачки премин, додека вкупната материјална штета се проценува на 10 илјади денари.

....

Вчера ( 26 декември ) околу 15 часот, во месноста „Бигор“, атар на гостиварското село Вруток, бил повреден 62-годишниот гостиварец Б.Н, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“. Работејќи на отстранување на дефект на водоводната мрежа, Б.Н. бил удрен по главата со метална кука од авто-дигалка„Ивеко“, која била ангажирана во активностите, по што Б.Н, кој бил застанат на бетонската комора, загубил рамнотежа и паднал на земјена површина од височина од близу 2 метри.Пренесен е во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување. Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со случајот.

 

Билтен на СВР Тетово

Сподели ја веста

Последни содржини