Без вода жителите на Автокоманда

Објавено: 10 април 2019 - 08:16

Денес без вода жителите на Автокоманда поради уличен дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради уличен дефект на водоводната мрежа од Ф 350м.м. на ул. 16-та Македонска Бригада пред БППЗ во населба Автокоманда, без водоснабдување од 08:00 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од истата улица: 16-та Македонска Бригада од од раскрсницата со Бул.Александар Македонски до подвозникот Керамидница, БППЗ, ресторантот Дојрана, како и дирекцијата на Комунална Хигиена. (општина Гази Баба)

Сподели ја веста

Последни содржини