Билтен на МВР: Кражби, тепачки, опожарени објекти

Објавено: 03 јануари 2018 - 10:54

Бурен старт за новата 2018 година. Тешка кражба, физички пресметки и опожарени контејнери. Што се случуваше минатиот ден во нашиот регион? Дознајте директно од билтенот на СВР Тетово.

Вчеравечер ( 2 јануари ), во периодот помеѓу 20 и 22 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на 55-годишниот К.З. во тетовска Мала Речица.
Искористувајќи го отсуството на домашните во тој период, насилно го отвориле дрвениот прозорец од салонот на приземјето, од задната страна на куќата, влегле внатре и од паричник во женска чанта одзеле 4000 денари, во апоени од 1000 денари, кој се наоѓал во плакар во ходникот.Целосно ја пребарале и спалната на катот и од мала чанта, сокриена во долниот дел на плакарот, одзеле 4500 евра, а од мала кутија во фиока од комода одзеле две паричиња златен накит ( синџир и алка).
Со одземените пари и накит, преку влезната врата, која во меѓувреме ја отклучиле, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на 315 илјади денари.
По извршениот увид, се работи на расветлување на пријавеното и на откривање на сторителите.
....

Двајца малолетници од Тетово, на возраст од 15 години, вчеравечер ( 2 јануари ) околу 21 часот и 15 минути, пријавиле дека петнаесетина минути претходно додека се движеле по улица „Јане Сандански“ во Тетово биле пресретнати од група од 15-тина млади лица.Тројца од групата, без повод и причина, физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци по главите и телата и заминале во непозната насока. Дел од лицата во групата, нападнатите од порано ги познавале, но со нив немале никакви недоразбирања.
Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
....
Четириесетгодишниот тетовец В.Р, вработен во Јавното комунално претпријатие „Тетово“, вчера ( 2 јануари ) околу 12 часот, пријави дека засега непознати лица во периодот помеѓу 31- ви минатиот и 2 овој месец, опожариле четири контејнери, кои биле поставени на улиците „Маршал Тито“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“ во Тетово.
Едниот контејнер бил целосно изгорен, а другите значително оштетени. Според пријавителот, вредноста на еден контејнер изнесувала 30 илјади денари. Оштетените контејнери се фотодокументирани и се работи на откривање на сторителите.
....

Извор: Билтен на СВР Тетово

Сподели ја веста

Последни содржини