„Бомбите“ за Латас ќе почекаат да завршат летните одмори, „Тотал“ одложен

Објавено: 11 јули 2019 - 14:06

Во Основниот суд Скопје 1 се одложи и судењето за случајот „Тотал" на СЈО во кое обвинет е Драган Павловиќ- Латас. Причината беше тоа што  поради одморите, имало само еден информатичар кој требаше да ги пушта бомбите за случајот, но бил зафатен со друг предмет.

На денешното рочиште требаше да бидат пуштени бомби, кои се доказ во предметот.

Следното рочиште е закажано за 29 септември. Во „Тотал" обвинет е Драган Павловиќ-Латас за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг" ДООЕЛ, „Тотал медиа центар" и „Медиамакс" и 63.032 евра како физичко лице.

Сподели ја веста

Последни содржини