Еден велешанец и двајца битолчани на бродот кој е под карантин: Кај еден е потврден корона вирус

Објавено: 13 февруари 2020 - 14:03

Вкупно три лица македонски државјани се присутни на бродот „Diamond Princess“ во Јокохама, Јапонија кој се наоѓа во карантин поради корона вирусот.

Најновите информации се дека е потврдено присуство на корона вирусот кај еден македонски државјанин. ТВ21 од свои извори дознава дека од тројцата македонски државјани, еден е од Велес, а двајца од Битола.

Засега не е познато од каде доаѓа лицето кое е заразено со корона вирусот.

Министерството за здравство денеска потврди дека по добиените нови информации, кај еден наш државјанин е присутен корона вирусот.

Сподели ја веста

Последни содржини