Фалсификувани банкноти од девизи кружат низ тетовскиот регион

Објавено: 30 November 2017 - 14:18

На поширокото тетовско подрачје деновиве пуштени се во оптек, односно откриени и пријавени се неколку фалсификувани банкноти, пред се дански круни.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните и пред се до трговците во продавници, бензински пумпи или на отворените пазари да внимаваат кога купувачите на нивните производи или корисниците на услуги што ги нудат, им плаќаат со странски валути или ако веќе примиле вакви банкноти и знаат дека се фалсификувани, тие повторно да не ги пуштаат во оптек.
Зашто, пуштањето во оптек на фалсификувани пари претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 3, односно 10 години.
До граѓаните се апелира, исто така, да бидат докрај внимателни и кога непознати лица им нудат различни производи или услуги со намера да ги измамат и да остварат парична корист, а на кои им измислуваат и пласираат мошне убедливи приказни дека се странци, дека им се потребни пари и како гаранција дека ќе им ги вратат, им оставааат
часовници или други, наводно скапи предмети.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека и измамите се кривично дело за кое казната затвор за сторителите на вакво дело се движи од 1 до 3 години.

Сподели ја веста

Последни содржини