(Фото) Нема зима за Силвана Бонева: Бенефиции за невработено лице!

Објавено: 21 февруари 2020 - 12:54

На агрегатот Тајм.мк може да се најдат податоци преземени од сајтот на Отворени финансии. 

Порталот „Отворени финансии“ има за цел да и овозможи на јавноста увид во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Северна Македонија, со кои што располага Трезорот на Министерството за финансии. Во првата фаза се објавуваат сите трансакции на буџетските институции на Буџет на Република Северна Македонија. Во втората фаза ќе се објавуваат и трансакциите на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и нивните буџетски институции.

Јавноста има информации за назив на буџетски корисник од кој е извршено плаќањето, видот на трошокот согласно економската класификација, примач на средствата, на кој ден е реализирано плаќањето итн. Податоците се ажурираат два пати месечно, а корисниците можат да ги преземаат во отворен формат.

Па така, доколку го пишете името на екс пратеничката Силвана Бонева ќе ги видите нејзините примања како невработено лице, во период од 23/01/2019 до 02/01/2020.

 

Листата подетално може да ја видите ТУКА

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини