(Фото) Ова се кучињата трагачи на Царинската Управа

Објавено: 14 февруари 2020 - 11:48

Петте кучиња трагачи кои се донација од Република Азербејџан и Германија се дел од Царинската Управа уште од 2000 година и се од особена важност, бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици и истите имаат учествувано во повеќе акции, од кои 90% се успешно реализирани.

Овие кучиња од своите девет месеци се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци како што е дрогата. Со своето одлично чувство за мирис кое инаку кај кучињата е илјадници пати посилно од човечкото, многу брзо можат да ги лоцираат сокриените наркотици кои за цариникот би можеле да бидат невидливи.

Секое куче секојдневно е тренирано од страна на својот претпоставен водач со кој и живее и како дел од тренингот, после секоја успешна потрага е соодветно наградено. На овој начин, кучето се мотивира и учи како побрзо да ја открие забранетата стока. 

Сподели ја веста

Последни содржини