Google Maps доби мерач на брзината во реално време

Објавено: 10 јуни 2019 - 08:32

Апликацијата Google Maps доби мерач на брзината, со што на корисниците им се овозможува да следат колкава е брзината со која се возат во реално време. Компанијата ја имплементираше оваа опција во текот на минатиот месец.

Опцијата за следење на возењето во реално време може да се вклучи или да се исклучи во менито „Navigation Settings“ . притоа, кога оваа опција е вклучена, во долниот лев агол може да се следи и брзината на движење во текот на возењето.

Новата опција засега функционира во Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чешка, Финска, Германија, Индија, Полска, Холандија, Португалија, Шведска, Тајван, Велика Британија и САД.

Новата опција треба да ги следи и ограничување на брзината, а се најавува и следење на дојави на инциденти.

Сподели ја веста

Последни содржини