Gulf Oil и Супертрејд ќе отворат 25 бензински станици во земјава

Објавено: 27 November 2017 - 10:04

„Супертрејд“ игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар и е еден од најголемите увозници на нафта и нафтени деривати во земјата.

По 25-годишна традиција во увоз и дистрибуција на нафта и нафтени деривати во Македонија и регионот, „Супертрејд“ го носи „Галф оил“ (Gulf Oil) на македонскиот пазар.

Американскиот бренд на 4-ти октомври официјално ја отвори својата прва бензинска станица во Скопје, прва во Македонија со што нашата земја се обележа на светската мапа на станици „Галф оил“ кои се присутни во повеќе од 25 земји низ светот. Брендот кој е основан во 1901 година, во моментов има повеќе од 1.800 бензински станици низ светот, 17 терминали и повеќе од 100 дистрибутини центри.

„Супертрејд“ игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар и е еден од најголемите увозници на нафта и нафтени деривати во земјата, во согласност со извештајот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Имплементирајќи ги најстрогите светски стандарди во дистрибуција на гориво, „Галф оил“ и „Супертрејд“ се ориентираат кон раст и развој како на домашниот пазар, така и во Европа и соседството. „Супертрејд“ продолжува понатаму во процесот на снабдување на своите партнери со најквалитетното гориво, дистрибуирано по светските врвни стандарди и правила, а исто така и во градењето на своја мрежа бензински станици со цел задоволување на потребите на потрошувачите во секое време. 

„Галф оил“ заедно со „Супертрејд“ планираат да отворат околу 25 бензински станици на македонскиот пазар каде ексклузивно ќе ги има производите на познатиот бренд.

Партнерството со „Галф оил“ доаѓа како круна на долгогодишната заложба на „Супертрејд“ за супериорна услуга и квалитетна понуда на нафтени деривати за своите клиенти.

 

Извор: plusinfo.mk

Сподели ја веста

Последни содржини