„Јавна соба“ се пресели на светски познат порно сајт

Објавено: 20 февруари 2020 - 12:56

Порнографската група „Јавна соба“ ги крена на нозе македонските институции и предизвика голем број реакции во јавноста, а сега фотографиите се дел од светски познат порно сајт. 

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Покрај фотографиите, објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Голем дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Засега не е познато како групата сега заврши на порно сајт. 

Сподели ја веста

Последни содржини