Коко по 10 години го препозна својот негувател Драган

Објавено: 11 јули 2019 - 12:56

Солзи радосници, прегратки, бакнежи и допири… ваква беше реакцијата на шимпанзото Коко кога по 10 години си го препозна својот ЗОО неговател Драган кој го чувал од бебе. Коко во Скопје пристигна од Холандија, каде 10 години се лекуваше од депресија и осаменост во една од најдобрите организации за ресоцијализација и спасување животни.

Во скопската зоолошка ќе живее во ново живеалиште изградено по светски стандарди, со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. Коко ќе живее заедно со уште 3 единки од неговиот вид – Мими, Роси и Хјасл. Одреден перидот шимпанзата ќе бидат во карантин за да се адаптираат. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, во нивно друштво ќе можат да уживаат посетителите на зоолошката.

Заминувањето во Холандија тогаш беше проследено од сите светски медиуми. Дури и престижниот „Дејли мирор“ ја објави приказната за Коко, нарекувајќи го „шимпанзото од зоолошката градина од пеколот“. Тогаш сите светски организации за заштита на животни апелираа тој да биде спасен и однесен во центарот за примати во Холандија.

Коко е роден во Скопската зоолошка градина во 1995 година. Кусо време по раѓањето, остана сам кога неговата мајка почина од туберкулоза. Тогаш за него се грижеше зоо негувателот Драган, кого Коко го нема видено една деценија.

Сподели ја веста

Последни содржини