Коњаниците интензивно се подготвуваат за Илинденскиот марш

Објавено: 19 јули 2019 - 12:32

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41-ви пат, под покровителство и финансиска поддршка од општина Аеродром и Град Скопје.

Коњаниците почнаа интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Коњаничкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Сподели ја веста

Последни содржини