Коронавирусот ги активира сензорите на скопскиот аеродром. Има ли причина за паника?

Објавено: 26 јануари 2020 - 11:57

Лица кои доаѓаат од регионот на Кина и кај кои може да се јават симптоми ќе може да се јават на специјален телефонски број и да добијат насоки за посета на специјалист, за да не мора да чекаат на матичниот лекар.

 

Нема простор за паника, тврди министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи нашата земја нема директна комуникација и летови со Кина, така што луѓето кои би дошле во земјава се проверени на други аеродроми.

Инаку, корона вирусот е сличен со грипот, и во одреден број случаи има лесни симптоми, но во одредени случаеви симптомите се тешки и може да заврши и фатално, но тоа главо се луѓе постари, со намален имунитет и хронични заболувања.

Експертите тврдат дека вирусот не може да се пренесе преку стоката која ја увезуваме од Кина, туку само по респираторен пат.

На скопскиот аеродром се поставени термални камери и истиот има највисоко ниво на детекција, а доколку кај некого се забележат симптоми ќе се пристапи кон рана изолација. 

Филипче тврди дека треба да очекуваме и лажно позитивни резултати, бидејќи станува збор за сезона на грипови.

Земјава, рече Филипче, засега има реагенсите за 4 типа коронавирус , а неделава ги очекуваме сите реагенси за сите видови. 

За коронавирусот нема специфичен лек, не е осетлив на тамифлуто, а се лекува како другите респираторни заболувања.

Во Соединетите Американски Држави е забележан трет случај на корона вирус, кај пациент кој пристигнал во Калифорнија од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата, соопшти денеска Американскиот центар за контрола на заразни болести.

Сподели ја веста

Последни содржини