Лила Филиповска пристигна во Јавното обвинителство за да даде изјава за „РЕКЕТ“

Објавено: 02 септември 2019 - 10:12

Познатата водителка и инстаграм инфлуенсерка Лила Филиповска пристигна во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. каде што ќе  даде изјава во истрагата за „Рекет“.

Филиповска е блиска пријателка на осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13. Oбвинителката Вилма Русковска ја повика да даде исказ и да презентира свои сознанија кои се од интерес на истрагата.

Неофицијлано, водителката во два наврати префрлала на сметка на Боки 13 или на фирма која е поврзана со него по 20 илјади евра. Обвинителството за организиран криминал испитува дали парите што Филиповска ги дала како позајмица на Боки 13 се од земениот „Рекет“, кој тој го изнудил од Орце Камчев. Тие ќе проверуваат и како илјадниците евра завршиле на сметката од Филиповска, односно дали се нејзини, и доколку се ќе се бара како се стекнала со нив.

 

Сподели ја веста

Последни содржини