Македонија: Одземена дозвола за увоз на месо на бразилска компанија

Објавено: 10 јануари 2018 - 00:58

Агенцијата за храна и ветеринарство ѝ ја одзеде дозволата за извоз на месо во Македонија на Бразилската компанија „Сеара алиментос ЛТДА", соопшти државната институција.

Како што се наведува во соопштението, Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Македонија, од дипломатско конзуларното претставништво на Бразил во Бугарија добила известување дека на компанијата ѝ била одземена лицернцата за извоз и фирмата била избришана од регистарот на овластени бразилски извозници на месо.

Од Агенцијата информираат дека по добиеното известување била засилена активноста на инспкциските служби на на граничните премини, со цел да се спречи можноста за внесување на пратки со месо од Бразил од компании на кои им е изречена забрана за извоз.

Како одговорна институција за безбедноста на храната ја информираме јавноста дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава, велат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму подвлекуваат дека увоз не месо се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти и дека секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат, со што се гарантира безбедноста.

Извор: Instore.mk

Сподели ја веста

Последни содржини