Македонка дел од судскиот тим на ЛОИ во Токио

Објавено: 19 февруари 2020 - 12:07

Анета Павловска (33) од Битола ќе стане првата Македонка која ќе биде дел од судискиот тим на престојните Летни олимписки игри во Токио

Таа ќе продолжи по стапките на Зоран Поповски, кој го „скрши мразот“ и стана првиот тениски судија од нашата земја со искуство од едни Летни олимписки игри.

Павловска години наназад е дел од светскиот тениски врв, кога во прашање се судиите. Младиот судија, кој зад себе има собрано солидно искуство од поголеми тениски приреди, се чини дека ова лето ќе го достигне врвот на својата кариера. 

Павловска имаше повеќе од успешна 2019 година. Беше избрана да им суди на ѕвездите на ВТА на завршниот Мастерс во Шенжен, каде не може да аплицира секој судија, туку можат да делат правда само најдобри судии во моментот.

 

Извор: Гол.мк

Сподели ја веста

Последни содржини