Младите што ќе се вработат во производство, месечно ќе добиваат додаток од 3. 000 денари

Објавено: 08 November 2019 - 08:24

Министерството за труд и социјална политика подготви нацрт-закон за младински додаток што ќе се усвојува по скратена постапка во Собранието, а треба да се применува од 1 декември 2019 до 30 ноември 2022 година.

Целта е да се поттикнат учениците да се запишуваат во средните стручни училишта и да се вработат во струката по завршувањето на средното образование, да се подобри нивниот животен стандард, како и да се задоволат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.Младите до 23 години што ќе се вработат или самовработат, ќе добиваат месечен додаток од државата во износ од 3.000 денари.

Исплатата на младинскиот додаток ќе чини 13,2 милиони денари месечно, односно 158,4 милиони денари годишно (2,5 милиони евра), а парите ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување.Иако во Северна Македонија се спроведуваат активни програми и мерки за вработување на младите лица, стапката на невработеноста на младите на возраст од 15 до 29 години и понатаму е висока и изнесува 28,3 отсто во вториот квартал од 2019 година. Од сите невработени лица, млади се 24,2 отсто.

Сподели ја веста

Последни содржини