МВР: Уапсени 7 танчерки од Албанија. Пријава за исчезната малолетничка.

Објавено: 11 јануари 2018 - 10:21

Први дознајте што се случуваше вчера. Кои прекршувања на законот беа направени на овие простори. Билтенот на СВР Тетово е исполнет со нови информации.

Вчеравечер ( 10 јануари ) од 23 часот до 30 минути по полноќ, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Кораби“, сопственост на 48-годишниот тетовец Б.Л.
При контролата, во објекот лоциран на регионалниот пат Тетово-Гостивар, во Горно Седларце, затекнати се 7 женски лица ( танчерки ), кои ги забавувале присутните гости, од кои 2 албански државјанки А.С.( 47 ) и Е.Ѓ.( 23 ) и 5 македонски државјанки од Скопје, Струга, Велес и Тетово, на возраст од 30 до 41 година.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, албанските државјанки приведени се во Полициската станица Тетово и задржани за
натамошна постапка, додека по завршениот разговор со нив, македонските државјанки се пуштени.
По целосното расчистување на сите поединости околу престојот и работата на двете албански државјанки, ќе се соочат со соодветен поднесок и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

....
Денеска ( 11 јануари ) околу 1 часот и 30 минути, 50-годишниот И.П. од гостиварската населба Фазанерија, пријавил дека неговата 15- годишна ќерка, еден час пред тоа, се оддалечила од дома во непозната насока.

Малолетничката на 7-ми овој месец, исто така, беше пријавена како исчезната, а на 9-ти беше пронајдена, односно се самопријавила во Полициската станица Гостивар, по што му беше предадена на нејзиниот татко.
....
На автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, вчера ( 10 јануари ) околу 7 часот, патничко возило „Фиат стило“ со гостиварски регистерски таблици,
управувано од 34-годишниот Р.Ѓ. од Беловиште, удрило и усмртило куче-бедомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се
движело по коловоз.
Од удирањето во животното, нема повредени лица во возилото, додека причинатата материјална штета се проценува на 10 илјади денари.
....
Во вчерашните сообраќајно- контролни активности, реализирани од полициски службеници на СВР Тетово на тетовското подрачје, откриени се 6 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 3 возачи-почетници, 2 возила со истечена регистрација и 6 погрешно паркирани возила.
Овие и другите прекршоци биле санкционирани со 20 прекршочни и 22 мандатни платни налози.

Сподели ја веста

Последни содржини