Народна банка на РМ ќе потроши 250.000 евра за летање

Објавено: 14 јуни 2018 - 08:53

Народна банка на РМ за наредните две години ќе потроши 250.000 евра за авио-билети за редовни воздушни линии.

Во услугата што се бара од тендерот е вклуен транспорт на луѓе и товар, освен транспорт на поштенски пратки. Конкурентот во тендерската постапка треба да покаже сертификат за продажба на авиобилети во редовниот меѓународен сообраќај и сертификат за користење на глобален светски резервациски систем.

Услов е операторот да има најмалку 4.000 продадени билети во 2017-та година.

извор: faktor.mk

Сподели ја веста

Последни содржини