Не е само „пасошката криза“, недостасуваат и сообраќајни дозволи

Објавено: 19 февруари 2020 - 08:41

Покрај проблемот со недостаток на пасоши, во земјата има проблем и со обрасци за сообраќајни дозволи. 

Од Министерствоти за внатрешни работи за Фактор го признаваат проблемот, но тврдат дека во случајот со сообраќајните дозволи не станува збор за голем проблем како кај пасошите, туку за повремени „гепови“ кои траат по еден до два дена, кои потоа брзо се надополнуваат.

Најизразен е проблемот на подрачјето на СВР Скопје. Од таму нагласуваат дека пред околу месец и половина проблемот со недостигот од сообраќајни дозволи бил уште повеќе изразен. Но, оттогаш наваму, недостатокот се надминува на тој начин што компанијата која за нив ги изработува дозволите, односно „Бато Дивајн“, почнала сукцесивно да го снабдува министерството со по 10.000 до 15.000 сообраќајни дозволи секоја недела.

Инаку, сообраќајните дозволи траат и до осум години, но кога се менува сопственост на возило, односно кога се купува нов или употребуван автомобил, задолжително мора да се промени и сообраќајната дозвола. Всушност, најмногу им требаат сообраќајните дозволи на оние кои препродаваат возила.

Сподели ја веста

Последни содржини