Несовесен возач удрил пешак и избегал. Друг со мотор удрил 7-годишно дете

Објавено: 16 април 2018 - 14:20

Повеќе сообраќајни незгоди се случија вчера, сите главно во тетовскиот регион. Причините најчесто се неприлагодена брзина, неправилно вршење на дејствие, немање положен возачки испит и слично.

Ноќеска ( 16 април ) околу 1 часот, на Булевар „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, засега непознато возило удрило во 31-годишниот пешак С.С. од Тетово и веднаш го напуштило местото. Повредениот пешак со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.
Според првичните сознанија од извршениот увид, причина за удирањето е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.
Се превземаат мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на возачот и возилото, учесниците во сообраќајната несреќа.
....

Вчера ( 15 април ) околу 17 часот, на улица „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово моторцикл „Јонвеј“ со тетовски регистерски таблици, без дозвола управуван од 17-годишник од Тетово, удрил во 7-годишно дете ( пешак ), а потоа и во паркирано возило „Мерцедес“ со тетовски таблици, сопственост на 34-годишниот тетовец Н.А.
Повредениот пешак и моторциклист со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Причина и за оваа сообраќајна несреќа, според првичните сознанија од увидот, е неприлагодена брзина.
.....

На автопатот Тетово-Скопје, во близина на клучката за Желино, ноќеска ( 16 април ) околу 1 часот, се случила сообраќајна несреќа со учество на: моторцикл без регистерски таблици, кој без положен возачки испит го управувал 25-годишниот С.И. од тетовско Рогле и патничко возило „Ауди А4“ со скопски таблици, што го управувал 51-годишниот Џ.И. од скопски Грчец.
Повредениот моторциклист со истото возило пренесен е и задржан во тетовската клиничка болница. Причина за несреќата, првично, е неправилно вршење дејствие, додека материјалната штета се проценува на 50 илјади денари.
....

Сподели ја веста

Последни содржини