Нова акција на МВР во угостителските објекти во регионот

Објавено: 27 November 2017 - 14:06

Во последните две недели драстична е засилена контролата во угостителските објекти во нашиот регион. Нелегални дејности, пушење во затворена просторија, служење на алкохол на малолетници се само дел од прекршоците за кои се изрекуваа казни.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера ( 26 ноември ) од полноќ до 3 часот, извршиле акциска контрола во 4 угостителски објекти, лоцирани на тетовските улици „Благоја Тоска“, „Иво Лола Рибар“ и „Борис Кидрич“.
Во овие објекти, легитимирани се вкупно 56 лица, од кои 5 немале документи за идентификација, поради што се приведени, како и 6 малолетници.Меѓу малолетниците, еден конзумирал, односно бил послужуван со алкохолни пијалаци. Покрај тоа, констатирани се и два прекршоци по Законот за пушење. Сите прекршоци ќе бидат санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци.


Во исто време спроведена е акциска контрола и во еден угостителски објект во Гостивар, лоциран на улица „Живко Брајковски“.Легитимирани биле 32 лица, од кои 5 малолетни кои конзумирале и алкохолни пијалаци, а утврдени биле и други прекршоци по Законот за пушење и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Минатата недела исто така беше спроведена акција во околу триесетина локали низ градот, а беа приведени и странски државјанки кои ги забавувале гостите во неколку ноќни локали. УЈП и МВР во таа акција изрекоа 19 забрани за вршење дејност во времетраење од 15 до 30 дена.

Сподели ја веста

Последни содржини