Новиот началник на СВР Тетово бил само два дена на функција, па бил вратен стариот

Објавено: 21 февруари 2020 - 14:47

Новиот началник на СВР Тетово, Гоце Јанкуловски, кој беше назначен од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, само два дена бил на функција.

На 16-ти февруари Јанкуловски добил решение од новиот министер, а на 18-ти февруари Владата го поништила решението и на негово место за прв човек го вратила, поранешнот началник, Ами Далипи, јавува Телма.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска поради законски пречки, односно поради назначување во изборен период, одбила да го потпише решението за Јанкуловски.

Сподели ја веста

Последни содржини