Од понеделник во сила стапува забраната за увоз-извоз на гориво од отпад со Бугарија

Објавено: 19 февруари 2020 - 14:04

Од понеделик стапува во сила забраната за узвоз и извоз на гориво од отпад меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Тоа е согласно забраната, која е воведена со измените во нашиот Закон за управување со отпад, кој помина во Собранието пред неговото распуштање, а со кој во нашата земја се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија.

За забраната говореше бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров, кој завчера беше во посета на земјава, каде се сретна со неговиот македонски колега Насер Нуредини.

– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Северна Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочине кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува – вели Димитров.

Димитров, кој во понеделникот беше во посета на Северна Македонија, изрази подготвеност за соработка со земјава во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки со РДФ отпад од бугарска територија во нашата држава.

Тoj нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји.

Сподели ја веста

Последни содржини