Општина Аеродром: Субвенции за печки на пелети

Објавено: 26 септември 2019 - 14:14

Јавниот повик е отворен денеска и ќе трае до 10 октомври. Распределбата на средствата е по принципот „прв дојден, прв услужен“

На повикот може да се јави секој жител што набавил печка на пелети во текот на оваа година, а најдоцна до последниот ден на повикот. Општина Аеродром со мерката ќе субвенционира до 50 отсто од средствата, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. 

Потребни документи за аплицирање

1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2255)

2. Фотокопија од важечка лична карта на барателот

3. Имотен лист за објектот со адреса на подрачјето на Општина Аеродром

4. Доказ дека е извршено купување печка на пелети, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршување на јавниот повик

5. Фотокопија од трансакциска сметка

6. Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана печката на пелети заклучно со 2018 година (оригинал)

7. Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:

- до поднесување на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

- објектот во кој е/ќе се инсталира печката не е во фаза на градба,

- во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,

- во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети нема приклучок кон градското централно греење, без оглед на тоа дали го користи.

 Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за печки на пелети“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Сподели ја веста

Последни содржини