По празниците ќе се пуштат огласите за вработувања во државни институции

Објавено: 10 јануари 2018 - 01:24

Владата, но и општините и државните институции објавија огласи за ангажирање на работници прегу Агенции за привремено вработување. Владината служба за општи и заеднички работи за една година ќе потроши 56 илјади евра за ангажирање на деветмина работници.

Управата за јавни приходи исто така ќе ангажира работници  и за нив планира да потроши над 100 илјади евра, а  Градски паркинг 20 илјади евра. Од Владата велат дека истекува договорот за ангажирање на работници кој бил склучен во август минатата година и затоа сега се распишува нов.

Во моментов е распишан оглас за барање на Агенција за привремено вработување, преку која треба да бидат ангажирани 9 лица на една година. Со претходниот договор беа ангажирани 15 лица, на шест месеци. Вакви вработувања ќе има и во Министерството за земјоделство, Јавното претпријатие за државни патишта, општините Пробиштип, Кривогаштани, Ново село.

Освен привремено ангажирање на работници преку Агенции за вработување, државните институции годинава и ќе вработуваат административци. Три државни институции веќе побарале дозвола да вработат нови службеници. Брањата се доставени до Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој дава мислење дали е запазен принципот на правична застапеност. Имињата на институциите не се откриваат, ниту пак бројот на новите вработувања.

„Секретаријатот даде согласност на една институција на годишниот план за вработување и правичната застапеност. За двете институции барањата сеуште се разгледуваат.“ - велат од Телоп секретаријатот за Рамковен.

Владата сеуште им бара столче за работа на 1 600 административците кои се вработени по Рамкоен и со години седат дома, а зимаат плата. Според најавите на Министерството за инфроматичко ошпштество и администрација, тие ќе добијат работна позиција до крајот на годинава.

Извор: 24vesti.com.mk

Сподели ја веста

Последни содржини