Предупредување до граѓаните: НЕ ОДГОВАРАЈТЕ на непознати странски броеви

Објавено: 19 февруари 2020 - 10:15

Деновиве на социјалните мрежи може да се прочитаат коментари од граѓани, кои тврдат дека добиваат повици од непознати странски броеви, кои започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881, но не се исклучува можноста да има и други.

Одговор од операторите во Македонија се уште нема, но се предупредуваат граѓаните да не одговараат на повиците, бидејќи нивните сметки може да пораснат драстично. 

„За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека зад оваа масовност се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, вели Фросина Ременски за „Слободен печат“, која утринава добила повик од броевите и додава дека вакви алатки има имаат и разузнавачките служби и дивите мобилни оператори.

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично.

 

Сподели ја веста

Последни содржини