Продолжува потрагата по загинатите во авионската несреќа кај Солунска глава

Објавено: 03 април 2019 - 08:20

Четворицата, и единствени патници кои загинаа во авионската несреќа кај Солунска глава, на малото летало „цесна“ П21ОН, се бугарските државјани, семејството Бошнакови: таткото Георги Бошнаков (1970), мајката Калина (1972), и малолетните ќерќи Билјана (2000) и Гергана (2005).

Поради лошите временски услови и непристапноста на теренот, надлежните синоќа престанаа да ги бараат остатоците од авионот и четворицата загинати, па истрагата продолжува денеска. Инаку дел од авионот е веќе лоциран.
Според официјалните информации несреќата се случила на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава. Бошнаков инаку бил шеф на одделот за примена и одржување на информатичката технологија во бугарската Агенцијата за регистар. Авионот полетал од Охрид за Софија, а во 16,16 часот се прекинуваат врските со контролата на летање.
-Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече синоќа потпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Инаку авионот бил во сопственост на Георги Бошнаков и имал германски регистарси таблички.
Црните кутии и причините за трагедијата со бигарските државјани ќе се знаат откако прво ќе се лоцираат сите остатоци.

Сподели ја веста

Последни содржини