Руси направија плагијат на песна од Тоше Проески: Го претставија неговиот хит како своја авторска песна

Објавено: 19 јули 2019 - 14:10

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, „Боже чувај ја од зло“, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на месец февруари годинава.

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

javno.mk

Сподели ја веста

Последни содржини