Се претставил како инспектор, па насилно сакал да влезе во Основното јавно обвинителство

Објавено: 27 март 2018 - 12:51

Шеесет и четиригодишниот гостиварец Л.А, вчера ( 26 март ) пријавил дека околу 13 часот во приемната канцеларија на Основното јавно
обвинителство Гостивар насилно влегол З.Б.( 66 ).

Најпрво побарал информации за некој предмет, а потоа побарал прием кај јавен обвинител, претставувајќи се дека е инспектор и покажувајќи службена легитимација.Откако не му било дозволено, се обидел на сила да влезе кај јавниот обвинител, почнал да вика и навредува, но од двајца вработени бил спречен во намерата и нешто подоцна отстранет од просториите.

Пријавениот З.Б. околу 20 часот и 30 минути лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Сподели ја веста

Последни содржини