Се воведува домашна настава за ученици што долго отсуствуваат од школо

Објавено: 02 декември 2019 - 11:52

Кога ученикот ќе отсуствува од настава подолго време, училиштето во кое е запишан треба да ја организира наставата за него во домашни услови.

 Оваа новина во новиот Закон за основно образование направи забуна во училиштата. По подолги отсуства на ученици во неколку училишта вработените не знаат дали и како сето тоа може да се реализира, особено со предметна настава. Како и од кога да се применува оваа новина, не знаат ни директорите.

Од Бирото за развој на образование (БРО) објаснуваат дека овој дел од Законот ќе се применува откако ќе се донесе соодветен правилник кој ќе го определи начинот на изведување на домашната настава. Дотогаш важат старите правила, ученикот што долго отсуствувал ќе полага класен испит.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Сподели ја веста

Последни содржини