Сончево и топло, попладне нестабилно

Објавено: 28 мај 2018 - 09:01

Времето  во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната од 25 до 32  степена. УВ индексот ќе изнесува 8.

И во скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.

Сподели ја веста

Последни содржини