СОНК успеа да издејствува зголемување на платите за 10 отсто од јануари 2020

Објавено: 08 November 2019 - 13:55

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција соопшти дека постигнале договор со СОНК за покачување на платите за 10 отсто од јануари 2020 година, а не од април како што претходно нудеше Владата. 

„Оваа средба создаде историски момент. Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари, 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, истакна Адеми по средбата со претставниците од СОНК.

Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10, 8 отсто и со новите 10 отсто, СОНК ќе се приближи до над 21 од бараните 25 отсто. 

СОНК вчера одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк, предвиден за понеделник, додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

 

Сподели ја веста

Последни содржини